(ФОТО) Ердоган со медал им се заблагодари на македонските спасувачи за пожртвуваноста по земјотресите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230425191341

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со медал им се заблагодари на македонските спасувачи за пожртвуваноста по земјотресите кои ја погодија неговата земја во февруари годинава, при што имаше најмалку 50.000 жртви.

— реклама —

Заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнулаи, во име на Македонија денеска го прими Врховниот државен медал за пожртвуваност од претседателот на Турција, што се одржа во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе. Во потрагата и спасувањето по преживеани по катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција, покрај републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваше и Армијата. На церемонијата на доделувањето беше присутен и амбасадорот на Македонија во Турција, Јован Манасојевски. Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, завчера им ги предаде клучевите на сопствениците на обновените куќи што беа уништени во разорните земјотреси. Многу земји помогнаа на Турција за справување со последиците од земјотресот, но собираа и парична помош.

— реклама —

/attachment/20230425191341" rel="attachment wp-att-219039">

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања