Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блеска, гордоста на Скопје во нов сјај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-libraryevja69ev8718etrIBWO

Камениот мост во Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое вечерва свечено беше пуштено во употреба од градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со неговиот колега од турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу.

— реклама —

На настанот присуствуваа и амбасадорот на Турција, Алпер Акташ, извршниот директор на „Халк банка“, Фатих Шахбаз, како и почесниот конзул Ајдован Адемоски.

Со новото осветлување дополнително се истакнуваат архитектонската убавина и историското значење на Камениот мост, кој со векови ги поврзува двата брега на Вардар и претставува едно од најпрепознатливите обележја на Скопје, објави градоначалникот на Скопје.

— реклама —
— реклама —

Ѓорѓиевски информираше дека проектот е реализиран во рамки на Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер. Тој упати благодарност до градоначалникот Гоксу, Општина Есенлер, „Халк банка“ и Фатих Шахбаз, како и до Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот во реализацијата.

Градоначалникот истакна дека Камениот мост е дел од заедничкото историско наследство на скопјани и дека обврска на денешните генерации е да го зачуваат за оние што доаѓаат по нив.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryov0odf8fl3qs9AGq5Qa

(Видео) Се запали автомобил во Скопје, нема повредени

Скопје | пред 30 минути

— реклама —
media-libraryakr8f893i28m4pEbYv1

Скопје ќе добие свој „Лувр“ на кејот на Вардар: Сидрото од бродот „Скопје“ ќе биде заштитено со стаклена конструкција

Скопје | пред 49 минути

media-library8vv1gkr30h9feYi4H2q

По пет години пауза, од 1 април повторно директни летови Скопје – Дубаи, повратен билет по цена од 580 евра

Македонија | пред 2 дена

media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

До црногорското приморје со авион од Скопје: од мај 2027 година почнуваат директните летови до Тиват

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања