„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Граѓаните заглавени на граница откако Грција не ги крена рампите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
evzoni

Сите кои тргнаа на патување во соседна Грција, од утрово се заглавени на граница. Иако беше најавено дека граничниот премин „Богородица“ ќе биде отворен, сепак грчката полиција не ги пропушта возилата и граѓаните. Колона од десетици возила е пред границата, но и во меѓузоната.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи велат дека тие се должни да ги пропуштат возилата кон Грција, бидејќи добиле известување од македонското Министерство за надворешни работи. Проблемот со непропуштањето на возила и граѓани кон Грција е бидејќи тамошните власти не испратиле известување до граничната полиција, дека влезот во нивната земја преку овој граничен премин е дозволен од денеска.

Инаку, од денеска ќе треба да е отворен граничниот премин со Грција за сите граѓани на Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела. Потврда за ова вчера даде и премиерот Зоран Заев по средбата со Константин Мицотакис во Атина.

— реклама —

Според здравствените протоколи што ги усвои земјата, објавени на веб страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ (спутник).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања