(ФОТО) Грчката полицијата се судри со мигрантите на границата со Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
migranti-2

Грчката полиција денеска интервенираше со солзавец бидејќи мигрантите кои се обидуваат да стигнат до границата со нашата земја почнале кон полицајците да фрлаат со камења и шишиња, пренесуваат регионалните медиуми.

— реклама —

Отворете ја границата, извикуваа стотиците мигранти околу кампот Диавата, 60 километри од македонската граница.

— реклама —

Освен во Солун, напнато е и во Атина.Таму синоќа околу триста луѓе ја окупираа железничката станица Ларисис, барајќи да им биде овозможено да заминат кон Северна Грција.  Тие се вратени во прифатните центри, но како што велат, не се откажуваат од патот кон Европа.

И покрај напнатоста на границата, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска смирува. Таа вели, АРМ и полицијата будно следат.

"Земјава е подготвена да се соочи и со зголемување на притисокот на бегалци на македонско-грчката граница. Министерствата за одбрана и внатрешни работи ја следат состојбата на границата со Грција, но важно е во секој момент да се биде буден и подготвен“, вели Шеќеринска.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања