Пијан возач влетал во кафеана што се наоѓала на влезот од Македонска Каменица на магистралата А3, објави ТВ24.
За телевизијата гостите тврдат дека ова е четврти пат како пијани возачи прават ваква штета.
Настанотсе случил рано утринава, а од полицијата потврдиле дека кај патникот е регистрирано недозволена количина алкохол во крвта.
Нема повредени, но за возачот ќе следува парична казна и поднесок за причинување материјална штета.
Фото: МИА