Во Охрид на паркингот од хотелот Unique Resort & Spa Изложба на олдтајмери. Станува збор за рели на Група туристи пасионирани љубители ојдтајмери од Холандија.
„Рели Адриатик“, како што е насловено ова рели пред да дојде кај нас биле Хрватска, Црна Гора и Албанија. Релито тргнало од Трст Италија па преку Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина Црна Гора Албанија и Македонија продолжува во Грција, од каде од пристаништето Игуменица повторно ќе се вратат во Италија, во пристаништето Анкона.

Со групата патува и професионален фотограф кој подготвува посебна фото едиција која ќе се испечати по завршувањето на релито.
Пред хотелот Unique, исложени се вкупно 36 модели на автомобили. Најстарите експонати се два автомобили од 1923 год. Станува збор за автомобил Бентли Суперспорт. Останатите експонати се од 1924, 1929, 1931. 1936 ...
На официјалниот сајт на „Рели Адриатик“, стои дека ноќевањата се во најдобрите хотлеи во градот каде отседнуваат. Токму поради ова, сопствениците на ова рели ќе ноќеваат во Unique Resort & Spa.
