Промени тема
Контакт

(ФОТО И ВИДЕО) Приведен дилер од Скопје, пронајдени хашиш и марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
DSC_0043

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје го предаде Н.Б.(31) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.

Имено, вчера (05.03.) врз основа на претходно добиени оперативни сознанија, по издадена судска наредба извршен е претрес на дом кај пријавениот во Скопје. При извршениот претрес во станот пронајдени се 52 саксии со стебла Cannabis, 1 килограм 324,43 грама марихуана, 54 капсули со вкупен волумен од 27 ml хашиш-масло, 11 шприцеви со 30,7 ml хашиш-смола, неколку семки Cannabis и вага на која имало остатоци од марихуана и хероин. Во станот исто така имало и инсталиран систем – импровизирана лабараторија за одгледување и производство на растенија кои припаѓаат на растителниот род Cannabis и производство на уље од Канабис (сијалици HPS, вентилатори, екстрактор за производство на уље од Cannabis, апарат за вакумирање, лед сијалици, термометри и тајмери, импровизирани сушари , апарат за навлажнување на воздух, стабилизатори за струја, карбон филтер со мотор и канти со непозната течност).

— реклама —

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања