Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Иран објави фотографии: соборен американски дрон вреден 30 милиони долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryclquef63lba79wi3hhv
screenshot X

Иранската државна телевизија ИРИБ објави фотографии за кои тврди дека ја прикажуваат урнатата американска беспилотна летелица MQ-9 Reaper, која, според Техеран, била соборена од иранската противвоздушна одбрана.

Покрај фотографиите, медиумот објави и порака во која се наведува: „Остатоци од американски дрон на брегот на Иран, на 10.000 километри од САД“.

— реклама —

На фотографиите се гледаат запалени остатоци од летало во пустински предел, од кои се издвојува голем пропелер. Иранските власти тврдат дека станува збор за MQ-9 Reaper – еден од најсовремените американски беспилотни борбени дронови.

— реклама —

Американската војска засега не се огласи по овие тврдења, ниту потврди дека изгубила вакво летало.

MQ-9 Reaper е беспилотна летелица наменета за извидување, собирање разузнавачки информации и изведување прецизни напади. Опремена е со наведувани ракети „Хелфајр“ и ласерски наведувани бомби, а нејзината вредност се проценува на околу 30 милиони долари.

— реклама —

Објавата на Иран доаѓа по новата ескалација на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран. Американските сили во текот на ноќта извршија напади врз повеќе од 80 цели во Иран, наведувајќи дека акцијата е одговор на нападите врз трговски бродови во Ормускиот теснец.

Како одговор, Иран лансираше дронови и ракети кон американски воени објекти во Бахреин и Кувајт, поради што во двете земји повеќепати беа активирани сирените за воздушна опасност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 12 часа

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Трамп нема да го нападне Иран пред меѓуизборите во САД, тврдат од Белата куќа

Свет | пред 2 дена

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во мина во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања