Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Фото) Излегоа од салата: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги оставија ДУИ и СДСМ сами да гласаат техничка Влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-01-28-at-12.52.49

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека нема да ја гласаат техничката Влада. По говорите на мандатарот Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пратениците излегоа од салата.

— реклама —

Откако излегоа од салата, на говорницата излезе Дарко Каевски од СДСМ кој најави дека Ковачевски пак ќе биде премиер, а СДСМ ќе формира Влада. Според него, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразена и сака намерно да ги проблематизира изборите.

Претходно:

— реклама —

Screenshot-2024-01-28-at-12.35.05

Милошоски: Македонскиот народ стана кираџија - еден дезертер замина од премиерската функција, друг дезертер да седне

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски рече дека Димитар Ковачевски, кој е дезертер, ќе стане од фотелјата, за да седне Талат Џафери кој исто така е дезертер од АРМ. Милошоски укажа дека ниту еден од двајцата немаат искрени чувства кон Македонија. Ја искритикува СДСМ дека ја продале куќата.„Еден дезертер даде оставка, другиот ќе седне на фотелјата. Исто како што беше Џафери најлош, така и Ковачевски ќе биде. Пратениците на ДУИ нема пратеници и број на гласови за да избере премиер. Но Ковачевски и Маричиќ евтино ја продадоа куќата на СДСМ и за нивните фотелји од вашата партија направија привезок на ДУИ. Слугите на корумпираната на ДУИ, заради коруптивни побуди, македонскиот народ го направија кираџија во сопствената државата. СДСМ, ЛДП и НСДП ви приредија понижувачка ДУИ-зација на државата, ставајќи го на чело на државата, Талат, другарот на Рамиз Мерко и Пуцко Петрол – познатите европејци во Македонија“, рече Милошоски.Кажа и дека нема ништо историски во денешниот ден, освен што историски има најголем долг, корупција, пропаст. Милошоски го нарече Артан Груби - адвокат на ДУИ, а Џафери на ДУИ, оти едниот пишувал закони, другиот ги прифаќал законите, па протнувал низ Собрание.Милошоски ги спомена и најголемите коруптивни скандали и скандалозни јавно-обвинителски одлуки.

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања