„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Извршени претреси во Скопје, запленета дрога наменета за турскиот пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
1-2

На 23.06.2021 околу 17.00 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на бул.„Србија“ лишени се од слобода А.Р.(43) и Е.С.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, при извршен преглед на такси возило, во кое се превезувал А.Р.,пронајдени се две ќеси со наркотична дрога марихуана, која требало да биде предадена на друго лице за да го изврши транспортот до Република Турција.

— реклама —

Малку подоцна на истиот булевар, запрено е патничко возило „цитроен С4“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Р., а управувано од Е.С. Во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по добиена судска наредба, извршени се претреси во домовите на двете лица, при што се пронајдени и запленети повеќе пакувања со марихуана, со тежина од околу пет килограми и вага. Двете лицасе приведени во Полициска станица Бит Пазар и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје.

— реклама —

 

Фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања