Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

ФОТО: Кандидатот од Ѓорче кој молзеше крави пишал дека асфалтирал улица која на терен стои со дупки и кал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
ulica-volkovo1111-1

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ, Александар Наумоски, кој бара втор мандат од граѓаните и во јавноста се прослави со молзење на крави, мета на критики од жителите на општината. Ова е вторпат како во неговата програма/отчет, како реконструирани и асфалтирани се пишани улици кои на терен се со кал и вирови. Овојпат, станува збор улица 7 во општината, која се наоѓа во Волково. Ако се види во програмата на Наумоски, таа помеѓу улиците кои добиле асфалт.

„Асфалтирани се следниве улици.... и ул. 7 во должина од 85 метри“, стои во програмата/отчетот со кој бара гласови за нов мандат.

На ова реагираше жител на општината кој живее на улицата која е асфалтирана само на хартија.

— реклама —

„Градоначалникот бара трпение ,а ја пишал во својата програма дека веќе е асфалтирана, 4 години со трпение бевме сега една седмица пред избори срам ми е со кал на чевлите да гласам. Ул.7 Волково ,под пругата кај старото игралиште“, пишува тој.

— реклама —

Ова не е единствена улица која Наумоски пишал дека ја направил, а на терен има кал, дупки и големи вирови по секој дожд.

— реклама —

bekaton-plocki-gjorce3

Наумоски тврди дека го ставил, на терен го нема: Каде е бекатонот кој e пишан во отчетот

Актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој бара нов мандат, деновиве е на терен за ги убедува жителите дека треба повторно да дадат глас за него. Па така, промовира што направил во изминативе четири години, каде асфалтирал, каде градел, реновирал. Меѓу останатото, во неговиот т.н. отчет, пишува дека поставувал и бекатон плочки. Наведени се и осум мали улици, каде, како што тврди Наумоски, го „наредил“ бекатнот. Но, жителите тврдат дека на терен го нема.Ако се цени мислењет

Скопје | пред 4 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања