Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Климите се вклучени, убедуваат од градската библиотека по сведштвата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Screenshot-2024-06-08-at-17.53.01

Снежана Стојчевска, директорка на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ негира дека климите биле вон функција, како што сведочеше Умејр Мухамеди. Според неа, се е во функција, иако Мухамеди сподели и фотографија од клима која се гледа дека е исклучена.

— реклама —

„Во читалните во Библиотеката има нови инвертер клими што ги поставивме минатата година и се во функција. За време на енергетската криза се придржувавме до препораките за штедење на електрична енергија, донесени од Владата. Сега нема такви препораки, ниту пак насоки за невклучување на климите од моја страна или од страна на раководителките, што значи дека нашите читални се климатизирани. Во вашиот текст цитирате фб статус на корисник и наводен одговор од страна на Библиотеката. До нас како институција никој не се обратил со поплака, бидејќи немало простор за тоа. Од друга страна, ниту пак вашата редакција побарала потврда и одговор од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје за став што освен невистини и навреди, има и силна тенденција за политичка конотација.

— реклама —

За потсетување: читалната е единствената во земјава што и понатаму работи 24/7 со солидни услови за сите студенти и корисници, што ја прави посебно атрактивна за време на испитните сесии. Симболичниот надомест за користење на услугите во читалната и понатаму е само 300 денари на годишно ниво. Во исто време, ГБСК останува едно од најатрактивни културни јадра во главниот град и пошироко, за што говорат нашите активности, бројната публика, задоволните читатели и корисници, како и неодамнешната награда Промотор на читачката култура што ни ја додели Македонската асоцијација на издавачи.

— реклама —

Оттука, повикувувајќи се на вашата професионалност во информирањето, ве замолуваме за сите прашања поврзани со работата на Библиотеката да ни се обратите директно нам“, велат од Градската библиотека.

— реклама —
muamedi-arsovska

„Студентите учат во ходници оти ботоксираната градоначалничка нема пари за струја, а има за патувања“, реагира Мухамеди

На социјалните мрежи се споделува информација дека не работеле клима уредите во Градската библиотека Браќа Миладиновци.„На 35 степени во Градската библиотека Браќа Миладиновци не се пуштат климите… Од Библиотеката се оправдуваат дека ќе немаат средства да ги исплатат фактурите. Неспособните од Град Скопје и од Левица (кои раководат со библиотеката) не се во можност барем за време на испитните сесии да ги пуштат климите а да не збориме за другите услови кои се катастрофални. Студентите се принуде

Коментари | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryov0odf8fl3qs9AGq5Qa

(Видео) Се запали автомобил во Скопје, нема повредени

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryakr8f893i28m4pEbYv1

Скопје ќе добие свој „Лувр“ на кејот на Вардар: Сидрото од бродот „Скопје“ ќе биде заштитено со стаклена конструкција

Скопје | пред 3 дена

media-libraryevja69ev8718etrIBWO

(Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блеска, гордоста на Скопје во нов сјај

Скопје | пред 3 дена

media-library8vv1gkr30h9feYi4H2q

По пет години пауза, од 1 април повторно директни летови Скопје – Дубаи, повратен билет по цена од 580 евра

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања