Промени тема
Контакт

(Фото) Кобила се ождребила на булеварот „Илинденска“, скопјанка го тргала новороденото ждребе од коловозот: Никој да застане и да помогне!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-librarypemtm8ippbfbdw1Lvi8

Штотуку родено ждребе било затекнато среде улица во Скопје, додека покрај него се наоѓале кобилата и уште еден коњ. За случајот сведочи скопјанката Билјана Николовска, која објави и фотографија од животните.

— реклама —

Според нејзината објава, таа утринава се движела по улицата „Илинденска“ кога пред крајот на улицата го забележала новороденото ждребе како лежи на коловозот, со плацентата покрај него.

media-librarybl9q6k54p83aeKviI79

Николовска тврди дека застанала и успеала да го извлече малото животно од коловозот и да го премести на тревата покрај патот.

— реклама —

„Никој да застане да помогне. Застанав, едвај го извлеков на тревата покрај патот, а идиотите подзастануваа и со мобилните снимаат“, напиша таа.

— реклама —

Таа додава дека побарала помош, но, според нејзиното сведоштво, никој од присутните не се вклучил.

На фотографијата што ја објави се гледа ждребето како лежи на тревна површина покрај кобилата, непосредно по раѓањето.

— реклама —

Засега нема информации кому му припаѓаат животните, ниту како кобилата се нашла на улицата во моментот кога се ождребила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања