Тетовската телевизија „Коха“ објави дека пред домот на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари бил пронајден куршум. Тој бил оставен пред вратата, а според фотографиите била повикана и полиција.
Од нив се гледа дека куршумот е оставен на неколку чекори после капијата за влез во дворот, а пред вратата за влез во домот.
Засега нема детали, а извесно е дека крим-техника од МВР ќе врши истрага и ќе се проверуваат трагите.
„Скопје1“ побара потврда од Таравари и коментар за тоа што се случува. Од него очекуваме одговор. Став побаравме и од МВР, кои ги прашавме дали имаат сознанија и осомничени лица.