Со транспаренти „Сакаме слободно движење“, а откако равишанката Викторија загина преминувајќи на пешачки премин, на раскрсницата кај „Сити мол“ беше побарано да се стопира сообраќајното насилство. „Викторија можам да бидам јас, ти или твојата ќерка“ беше уште еден од транспарентите преку кои се побара внимателност во сообраќајот. Собирот го организираше повредениот Леонид Даов, кој беше момче на Викторија, со која настрадаа од младиот Јордан кој управуваше со возило „Цитроен“.
„Дојдов на протестот за Стоп на сообраќајното насилство, по убиството на Викторија Николов на пешачки премин од возач кој возел со огромна брзина. Срце ми се кине. Мајка лелека за чедо падната на колена, фамилија и пријатели со конвој се дојдени“, пишува Дарко Арсовски, кој бил присутен на протестите и сподели фотографии.
Присутните, носеа маици со натпис „Почивај во мир, ангелу наш“, во чест на Викторија. Ги имаше од сите возрасти, но и од повеќе градови.




