Вчера со торта декорирана со евровизискиот микрофон, Андреа Коевска го прослави својот 22-ри роденден.
Таа на Инстаграм сподели фотографии на кои може да се види како во раце држи торта со запалени свеќички.
„Годинава веќе ми подари преубави нешта и се надевам дека така ќе продолжи, како за мене така и за сите. Знаете која ми е роденденската желба затоа што е и заедничка. Фала ви однапред за убавите честитки!“ – напиша таа до фотографиите.