„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Министерот Спасовски се вакцинираше во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
viber_image_2021-05-17_09-20-06

„Денеска ја завршив мојата граѓанска, но и лична должност и одговорност - се вакцинирав овде, во Вакционалниот пункт во Куманово. Тоа е граѓанска одговорност на секој граѓанин, имајќи предвид со што се соочивме со пандемијата со ковид-19. Навистина, само вакцинцијата и имунизацијата на населението може да помогне да ја победиме оваа болест“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по примањето на вакцината против ковид-19 денеска во Куманово.

— реклама —

Министерот Спасовски изрази задоволството што граѓаните на Куманово имаат добра пријавеност за вакцинирање, а над 10% од населението на градот веќе е имунизирано, што на дело ја покажува одговорноста како град во однос на процесот на имунизација. Во однос на вакцините, министерот Спасовски истакна дека без разлика која вакцина ја примаме, имунизацијата е единствен начин да се спречат тешки форми на ковид-19 и фатални последици.

„Сите вакцини се проверени, безбедни и добро е што во последно време имаме генерално голем број на граѓани кои изразија желба да се вакцинираат, па уште еднаш апелирам до сите да се пријават на Вакцинација.мк, каде ќе добијат термин и да ја завршат и личната и граѓанската одговорност. На тој начин си помагаме себеси, но и на нашите семејства и заедницата“, посочи Спасовски, додавајќи дека вакцинацијата не е крај на борбата против ковид-19, а посебно во периодот после вакцинирањето треба да се внимава и особено да се почитуваат мерките за заштита, како што е носење на заштитни маски, одржување на растојание и, генерално, мерките коишто ги пропишува Владата.

— реклама —

„Сакам посебно да се заблагодарам на сите лекари, медицински сестри на целиот медицински персонал за борбата против ковид-19 во изминатиот период, на сите здравствени работници кои што учествуваат во имунизација на населението, а посебно сакам да се заблагодарам на сите коишто учествуваат во организацијата токму на овој вакцинален пункт, тука, во Куманово. Очекувам дека и понатаму сите заедно ќе придонесеме за да конечно ставиме крај на ковид-19 и да се вратиме на нормалното живеење“, порача министерот Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања