Промени тема
Контакт

(Фото) На излез од Грција за пет минути, колоните се на македонската граница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarya1cms2p75lkk8rh4AeZ

Додека утринава километарски колони имаше на граничниот премин Евзони за влез од Македонија во Грција, сега сликата е поинаква за возачите кои се враќаат.

Според некои од возачите, грчката гранична контрола се минува за околу пет минути, а скенирањето на пасошите трае само неколку секунди. Застојот, според возачите, се создава на македонската страна од граничниот премин Богородица.

— реклама —

„Излез од Грција према Македонија. Грчката граница на Евзони ја поминавме за пет минути. Скенирањето на пасошите беше буквално 10 секунди. Гужвата е на македонската граница“, наведува читателот кој ја испрати фотографијата до редакцијата.

— реклама —

Фотографијата покажува долги колони возила кои чекаат за влез во Македонија, во екот на продолжениот викенд кога голем број граѓани се враќаат од грчките летувалишта.

— реклама —

Утринава, пак, ситуацијата беше обратна – на Евзони се формираа километарски колони за излез од Македонија и влез во Грција, а чекањата започнаа уште од раните утрински часови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylq2lubfs9h8ffyqZZjA

Гужви на границите: На Богородица се чека 45 минути за излез од Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarycvabqqipv5nbfZcdXVS

(Видео) Гужви на границата кон Грција

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh1mu4ou1oqlh4SdGHoV

(Видео) Гужви на границата со Грција: Колони возила за влез во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-library0m4sqnslod543wLRbOE

Продолжениот викенд носи гужви: Се очекуваат долги колони кон Грција

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања