(Фото) Напад пред синагога во Манчестер: Маж удрил во толпа луѓе со автомобил, потоа нападнал со нож

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryplffnkgikeqc9rKhw5f
X

Пред синагогата „Хитон Парк“ на Мидлтон Роуд во северен Манчестер утринава се случи сериозен инцидент. Маж со автомобил удрил во група луѓе, а потоа се нафрлил врз нив со нож.

— реклама —

Според информациите од полицијата на Манчестер, најмалку едно лице е избодено, а вкупно четири лица се повредени од ударот на автомобилот. Осомничениот не успеал да влезе во синагогата.

— реклама —

На местото веднаш реагирала вооружена полиција, која отворила оган кон напаѓачот. Се наведува дека тој е сè уште жив, но неговата здравствена состојба не е позната.

— реклама —

Градоначалникот на Манчестер, Енди Бернам, за BBC Radio Manchester изјави дека станува збор за „сериозен инцидент“ и нагласи дека благодарение на брзата интервенција на полицијата непосредната опасност е отстранета.

Јавноста е повикана да ја избегнува областа додека трае полициската истрага, пренесува Manchester Evening News.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања