Нашите ракометари беа главни ѕвезди на aеродромот во Келн. Патници кои се затекнале со нив на аеродромот во Келн, им честитале, но и искористиле можност да ја овековечат средбата со нив и секако со трофејот кој го освоија.
Несоменено атмосферата на аеродромот ќе им дојде како добро загревање пред лудилото во Скопје.
Инаку ракометарите на Вардар од келн доаѓаат со директен чартер лет, за кој Град Скопје 39.500 евра. Ова е можност тие да стигнат многу порано од планираното. На Скопскиот аеродром се очекува да слетаат околу 18:50 мин каде ќе ги пречекаат бројни подржувачи и фанови. Од таму пак со три двокатни автобуси на ЈСП ќе се упатат кон плоштадот Македонија. Доколку дозволат временските услови, ракометарите ќе се возат со панорамскиот автобус.
Главната прослава на плоштадот ќе започне околу 19:30, поточно 20:00 часот, кога ќе пристигнат ракометарите.
https://www.facebook.com/rkvardar/photos/pcb.10158137545710348/10158137540100348/?type=3&theater