Според првичните неофицијални информации во несреќата која се случи попладнево на автопатот Скопје - Тетово, има двајца загинати и над 30 тина повредени кои со возила на брза помош се пренесуваат во болниците во Скопје. На лице место има и противпожарни екипи кои помагаат во извлекување на повредените. Болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Несреќата се случи во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово.

Министерот Венко Филипче и медицински тимови од Здравствен дом Скопје, приватните болници Неуромедика и Систина се упатиле на местото на несреќата.
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2031785237128499
Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.
Наскоро повеќе...