Промени тема
Контакт

(Фото) Невремето предизвика серија пожари во Струмичко: Гореа електрични столбови, броило и шума

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarynqtac210pp9f2scz9nk

Краткото, но интензивно невреме што го зафати Струмичко предизвика повеќе пожари и интервенции на терен, информираат од Територијалната противпожарна единица Струмица.

Пожарникарите интервенирале на повеќе локации, каде што биле пријавени запалени електрични столбови, кабли, електрично броило, шумски пожар, како и паднато дрво на коловоз.

— реклама —
— реклама —


Според информациите, во селото Моноспитово бил запален електричен столб и кабли, а слични интервенции имало и во селата Куклиш и Габрово Балдовци. На улицата „Климент Охридски“ во Струмица било зафатено од пожар електрично броило.

Во селото Банско, екипите интервенирале за отстранување на паднато дрво од патот, додека во селото Дорломбос гаснеле шумски пожар.

— реклама —

Од Противпожарната бригада Струмица информираат дека сите пожари биле навремено локализирани и целосно изгаснати, со што било спречено нивно понатамошно ширење и настанување на поголема материјална штета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn1pgeii86e2sdepJgCX

(Видео) Девојче не одговарало на телефон и не ја отворало вратата: Пожарникари со авто-скала се качиле до станот на четврти кат за да проверат дали е добро

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library26d0q4plkfvv82gPYdS

(Видео) Силно невреме ја погоди Струмица: Ѕид се урна врз паркирани автомобили, откорнати дрвја и оштетени покриви

Македонија | пред 2 седмици

media-library0fp67osvalfsaUsWjw2

Пожарникарите во Струмица на терен по невремето: Испумпуваат вода од поплавени простории

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvaqgsc3fhtjo8ohRKq0

(Видео) Силно невреме ја зафати Струмица: Ветрот корнеше дрвја и однесуваше покриви

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања