Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Нов билборд во Техеран: Белата куќа во пламен со порака „Крв за крв, око за око“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library5hl4ftmc8f7e9FjszZw
screenshot X

На плоштадот „Палестина“ во Техеран е поставен нов голем билборд со порака упатена до Соединетите Американски Држави и Израел. На него е прикажана Белата куќа во пламен, американско знаме на покривот и повеќе ковчези покриени со американски знамиња.

— реклама —

На ковчезите се прикажани ликовите на американскиот претседател Доналд Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Џаред Кушнер, како и децата на Трамп.

Над илустрацијата, на персиски и хебрејски јазик, стои пораката: „Крв за крв, око за око“.

— реклама —

Плоштадот „Палестина“ во Техеран често се користи за поставување политички пораки и пропагандни материјали насочени против САД и Израел.

— реклама —

Ваквите билборди не се новина во иранската престолнина. Во март на плоштадот „Валијаср“ беше поставен билборд на кој беа прикажани тројцата врховни ирански лидери – Рухолах Хомеини, Али Хамнеи и Моџтаба Хамнеи, при што Али Хамнеи симболично му го предава државното знаме на својот син.

Во април, пак, на плоштадот „Ванак“ беше поставен транспарент со порака дека Ормутскиот Теснец „засекогаш ќе остане во ирански раце“, со тврдење дека САД не успеале да ја променат таа состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Трамп нема да го нападне Иран пред меѓуизборите во САД, тврдат од Белата куќа

Свет | пред 2 дена

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во мина во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Руски дизел ќе пристигне во САД за 15 до 20 дена по потпишувањето на договорите

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања