„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Фото) Новинарите на протест пред Граѓански суд: „Не сме џубокс, ние сме новинари“

објавено пред 2 години -

Македонија
403717284_259759947090882_8755491955565453481_n

Новинарите излегоа пред Граѓанскиот суд во Скоје да го изразат револтот кон пресудата донесена од судијката Јованка Спировска-Панева, која за авторите на сторијата „Заговор против воздухот“ напиша дека не се новинари, како и дека новинарското истражување требало да си го прикажат само меѓу членовите на здружението „ИРЛ“.

— реклама —

Плакета на која пишува „Признание за цензор на годината“ е оставено пред судот, а се доделува на судијката Спировска-Панева. Новинарите носеа и транспаренти на кои пишуваше „Ми се објавува, ми се плаче“, „Осудени за вистината“, „Не се преставувам лажно, сакам да објавам нешто важно“.

— реклама —

Воедно, на протестот беше испратена и пораката „Не сме џубокс, ние сме новинари“, но и „Модуларно судство“ алудирајќи на Граѓанскиот суд кој во повторената постапка ја осуди екипата на ИРЛ.

За скандалозната одлука, се огласи и Амбасадата на САД.

"Со задоволство ја пречекуваме „групата“ на новинари, уредници и персонал на ИРЛ. Ние, во U.S. Embassy North Macedonia ја препознаваме нивната напорна работа да им ги дадат на луѓето во Северна Македонија потребните информации за да ги разберат настаните и силите кои ги обликуваат нивните животи", напиша на Твитер амбасадорката Анџела Агелер на средбата со ИРЛ вчера на покана на амбасадата.

Амбасадорката на САД г-ѓа Анџела Агелер изјави дека да се сугерира дека луѓето во ИРЛ не се новинари - кои и служат на својата земја и својата заедница - е бесмислено.

Синдикатот на новинари и медиумски работмици посочува дека со оваа пресуда се поставува досега невиден и опасен преседан судот и државните институции да одредуваат што е медиум, кој е новинар и кој смее да се бави со новинарска дејност. ССНМ смета дека токму овие произволни и паушални толкувања на Законот за медиуми, како и на Законот за здруженија и фондации претставуваат пред сѐ залажување на јавноста од страна на судот со цел оправдување на оваа скандалозна и досега невидена одлука во македонското правосудство.

ИРЛ беше осудена за клевета по тужба на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и компанијата БРАКО за емисијата „Заговор против воздухот“.

Во образложението на пресудата судијката Јованка Спировска-Панева наведува дека истражувањата на ИРЛ не смееле да се публикуваат пред граѓаните, туку требало исклучиво да се користат за внатрешна едукација на вработените. Таа го отфрли исказот на уредничката на ИРЛ, Сашка Цветковска, со образложение дека таа и ИРЛ не се новинари и медиум.

Од ИРЛ, по пресудата, реагираа дека тие не се осудени за клевета, туку осудени се оти постојат, а поддршка добија од голем број новинари и медиуми. Основниот граѓански суд, велат од ИРЛ, преку судијката Јованка Спировска-Панева протолкува дека непрофитните организации, кои во земјата се занимаваат со истражувачко новинарство, не претставуваат медиумски организации, па поради тоа таа ги отфрлила доказите на ИРЛ во спорот со Анѓушев.

Против судијката Јованка Спировска-Панева, Здружението на новинарите поднесе претставка до Судскиот совет на 19 октомври. Бара да се утврди дисциплинска одговорност против неа бидејќи без објаснување и решение одлучи да ги исклучи новинарите од судница за да ги соочи главната уредничка на ИРЛ, Сашка Цветковска, и Анѓушев. Медиумите беа спречени да известуваат од рочиштето, а јавноста немаше шанса да биде информирана за оваа судска постапка.

По пресудата, реагира и претседателот Стево Пендаровски.

„Етикетирање, дискредитација и обиди за регулирање новинари и медиуми имаше и во минатото и сведоци сме дека таквите процеси не доведоа до демократски развој. Како држава, која се определила за членство во ЕУ и споделување на европските вредности за демократија, транспарентност и одговорност, потребно е да ги почитуваме и спроведуваме меѓународните стандарди за медиумски слободи“, напиша Пендаровски.

asdHr27RgqI

Фото: Солуција

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања