Туристичко-рекреативниот центар „Козјак“ ќе се гради во непосредна близина на главниот град на државата и ќе опфаќа површина од 45,3 хектари. Се наоѓа западно од селото Нова Брезница, на околу 5 километри. И за него дознавме откако се појави информација дека приватен инвеститор гради ресторан со придружни содржини, во заштитеното подрачје „Јасен“.
На социјалните мрежи врие. Оние кои често го посетуваат ова место, за да најдат излез од градската гужва, велат дека ова е уништување за Козјак.
„Па маме еб*вте бе! Ова место требаше само да се одржава, зошто е најубавиот escape од Скопје. Мораше ли ресторан?! Ајде тури му крст и на Јасен-Козјак!“, пишува Дадо Тапасанов.

Жител на Нова Брезница пишува дека нивното село во 21 век нема вода. За градбата на комплексот тврдат дека тоа не е во нивна корист, туку напротив, во нивна штета.
„Другар ова место пред 20 години не беше достапно толку кога се правеше браната ...сега идат луѓе нелуѓе депонија ни го направија местото...ова место се вика Рудина ..така ние си го викаме цел живот тука како деца мали сме иделе ..затоа што подоле ни е селото Нова Брезница ..само апаши другар и нелуѓе има во државава ...нашето село нема вода а 21 век брои преку 200 нови викендици старите не ги бројам ...парите за водата све ги испокрадоа на кого да се пожалиш кога сите се оваа игра криминална алчна за пари...Изгледа ќе треба да почнеме ние самите да им пресудуваме на тие апаши профитери ...ВИКААТ ЌЕ БИЛО ВО НАША КОРИСТ МА НЕМОЈ БЕ ...ЌЕ БИЛО КАКО НЕ ...ТОА МЕСТО АКО НЕ Е ПРОДАДЕНО ПО 1 ЕВРО ЗА КВАДРАТ ЈА ЕВЕ....И ДОДЕКА НАРОДОТ НЕ ГИ ФРЛИ ОД НЕКОЈ МОСТ СИТЕ ПОЛИТИЧАРИ СЕ ВАКА ЌЕ БИДЕ И ЏАБЕ СИ ПИШУВАМЕ И РЕД ДРУГИ РАБОТИ“, пишува жителот на Нова Брезница.