Промени тема
Контакт

(Фото) Објавен идентитетот на момчето кое ја усмрти жената во Капиштец и избега преку Табановце, распишана потерница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryiqhfr5sq9egc1XgoYzT

На официјалната интернет-страница на Министерството за внатрешни работи е објавена централна и меѓународна потерница за лицето осомничено за сообраќајната несреќа со смртен исход што неодамна се случи во скопската населба Капиштец.

— реклама —

Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. По него се трага по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, казниво по член 300 од Кривичниот законик.

— реклама —
media-librarycbjnamnvc5cpdQe1ngc

Потерницата е распишана откако осомничениот, по сообраќајната несреќа во која беше смртно прегазена жена, го напуштил местото на настанот и станал недостапен за органите на прогонот. Надлежните институции апелираат до граѓаните, доколку имаат сознанија за неговото движење или престој, веднаш да ја известат полицијата.

Од МВР информираат дека потрагата се води интензивно, во координација со домашни и меѓународни служби, со цел осомничениот да биде лоциран, лишен од слобода и изведен пред лицето на правдата.

— реклама —

Детали за несреќата:

— реклама —
media-librarynmcgn90kvuoadjOnktj

Немал возачка, возел брзо, преку спротивна лента - ја усмртил и побегнал преку Табановце: нови детали за трагедијата во Капиштец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишно лице осомничено за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, поврзани со сообраќајната несреќа во која на 9 јануари во скопската населба Капиштец беше усмртена пешак.Според наводите на обвинителството, осомничениот, како учесник во сообраќајот, не се придржувал до сообраќајните прописи

Скопје | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.59

Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-library8a5sljq3qo5deMYJK7E

Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар

Македонија | пред 3 часа

Нема фотографија

Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево

Македонија | пред 4 часа

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

60-годишен скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања