Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Немал возачка, возел брзо, преку спротивна лента - ја усмртил и побегнал преку Табановце: нови детали за трагедијата во Капиштец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-librarynmcgn90kvuoadjOnktj

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишно лице осомничено за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, поврзани со сообраќајната несреќа во која на 9 јануари во скопската населба Капиштец беше усмртена пешак.

Според наводите на обвинителството, осомничениот, како учесник во сообраќајот, не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и животот на другите учесници. Тој управувал патничко возило „фолксваген пасат“ по улицата „Народен фронт“ и извршил непрописно поместување налево, навлегувајќи во коловозна лента наменета за сообраќај од спротивен правец, без да се увери дека тоа може да го стори без опасност. Возилото го управувал со брзина која не била прилагодена на состојбата на патот, видливоста, густината на сообраќајот и другите услови, а притоа немал ниту важечка возачка дозвола.

— реклама —

Во такви околности, со возилото удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот, при што од ударот и падот на асфалтот се здобила со тешки телесни повреди. Наместо да ѝ укаже помош, осомничениот веднаш го напуштил местото на несреќата. Повредената била пренесена во Ургентниот центар, каде и покрај укажаната медицинска помош, подоцна починала.

Обвинителството информира дека уште две лица, маж и жена, се осомничени дека му помогнале на возачот по извршувањето на кривичното дело, така што го пренеле со свој автомобил преку граничниот премин Табановце и му овозможиле да ја напушти државата. По нивното враќање во земјава, тие се лишени од слобода, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

— реклама —

Притвор е побаран и за осомничениот возач, кој сѐ уште е во бегство, при што мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази, ќе биде распишана и меѓународна потерница со цел негово обезбедување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Вработените во обвинителствата: Новиот закон не носи реформи, туку ги задржува старите слабости

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Вработените во обвинителствата бараат измени: Законот не ја гарантира самостојноста на системот

Македонија | пред 5 дена

policija-ubistvo-pishtol

Чекале во грмушки со пиштоли, па пукале во возило: детали за обидот за убиство во скопско Шишево

Скопје | пред 1 седмица

media-library8tk5mvidsqkj5B3Xtz8

Жена со прострелна рана во главата пронајдена во скопско село: сопругот тврди дека се самоубила со неговиот пиштол, откако имале расправија

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања