Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Неофицијално: Обвинителката која го гони судијата со парите во ѕид е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryusoaotm4okl41nid1sT
Скопје1.мк

Обвинителката Искра Хаџи Василевска освоила најмногу гласови на гласањето меѓу јавните обвинители за кандидатите за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), дознава „Скопје1“.

Според информациите до кои дојде „Скопје1“, Хаџи Василевска добила 64 гласа, додека Трајче Пеливанов освоил 57 гласа. На третото место е Јове Цветановски со 30 гласа, по него следува Фатон Азизи со 14, додека Лидија Раичевиќ добила шест гласа.

— реклама —

Податоците за гласањето по подрачја покажуваат различна поддршка за кандидатите. Во битолското подрачје најголема поддршка добила Хаџи Василевска, додека најмалку гласови освоила Раичевиќ, која останала без ниту еден глас.

— реклама —

Во гостиварското подрачје најмногу гласови добил Пеливанов, додека Раичевиќ и таму останала без поддршка.

Во штипското подрачје најголема поддршка имала Хаџи Василевска, додека меѓу кандидатите за кои се доставени податоци најмалку гласови освоил Азизи.

— реклама —

Во скопското подрачје најмногу гласови освоила Хаџи Василевска, додека најмалку добила Раичевиќ. Пеливанов и Цветановски во ова подрачје имале еднаква поддршка.

Според информациите за гласањето во Јавното обвинителство, Хаџи Василевска имала поголема поддршка од Пеливанов.

Според вкупните резултати до кои дојде „Скопје1“, Хаџи Василевска е прворангирана со седум гласа повеќе од Пеливанов. Официјална потврда на конечните резултати засега нема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Бомба, два пиштоли и 240 куршуми кај скопјанец – најден и клуч од мотор поврзан со убиство, објави Обвинителството

Македонија | пред 3 седмици

vozacka-1

Поднесено обвинение за фалсификуваните возачки дозволи: Под лупа уште 21 лице

Македонија | пред 1 месец

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

Трагедија кај скопскиот аеродром: Татко и 18-годишен син загинаа во директен судир, тројца млади тешко повредени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања