Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат Уставниот суд итно да се произнесе за иницијативите со кои се оспоруваат законските измени за третото намалување на коефициентите за пресметување на платите на обвинителите.

— реклама —

Од институциите посочуваат дека поминале повеќе од осум месеци, а сè уште нема конечна одлука. Според нив, намалувањето на платите може да ја загрози самостојноста на обвинителството и да придонесе за одлив на стручниот кадар.

— реклама —

Во решението со кое е поведена постапката, Уставниот суд изразил сомнеж дека измените може да навлегуваат во уставно загарантираната самостојност и независност на јавното обвинителство, како и во правото на соодветен надоместок.

— реклама —

Обвинителите тврдат дека платите во Македонија се најниски во регионот. Истовремено, предупредуваат на долготраен недостиг од административен и стручен кадар, недоволни буџетски средства и несоодветни услови за работа.

— реклама —

Тие очекуваат овие проблеми да бидат опфатени и во претстојниот извештај на Европската комисија. Од Уставниот суд бараат внимателно да ги разгледа изнесените аргументи, вклучително и споредбите со состојбите во регионот и Европа, и да донесе одлука без натамошно одложување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

hakeri

Македонија учествуваше во голема меѓународна акција против инвестициски измами: Уапсени седум лица, штетата над 4 милиони евра

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryusoaotm4okl41nid1sT

Неофицијално: Обвинителката која го гони судијата со парите во ѕид е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Бомба, два пиштоли и 240 куршуми кај скопјанец – најден и клуч од мотор поврзан со убиство, објави Обвинителството

Македонија | пред 1 месец

vozacka-1

Поднесено обвинение за фалсификуваните возачки дозволи: Под лупа уште 21 лице

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања