Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Македонија учествуваше во голема меѓународна акција против инвестициски измами: Уапсени седум лица, штетата над 4 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
hakeri

Македонија учествуваше во голема меѓународна полициска операција насочена кон разбивање транснационална криминална мрежа осомничена за организирање инвестициски измами преку интернет.

— реклама —

Акцијата била спроведена во координација и со поддршка на Европол и Европравда, а во неа учествувале надлежни институции од Германија, Кипар, Финска, Албанија, Израел, Косово и Македонија.

— реклама —

Во рамки на координираните активности, во повеќе земји биле уапсени седум осомничени лица, извршени биле претреси на 17 локации и запленети повеќе од 100 сервери, како и други електронски докази и средства поврзани со криминалните активности.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека во операцијата македонските институции постапувале преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност.

— реклама —

Според досегашните сознанија, финансиската штета предизвикана од криминалната мрежа надминува четири милиони евра. Потенцијални жртви на измамите се идентификувани во најмалку 50 држави.

— реклама —

Операцијата претставува резултат на меѓународната соработка во борбата против организираниот криминал и интернет-финансиските измами.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryusoaotm4okl41nid1sT

Неофицијално: Обвинителката која го гони судијата со парите во ѕид е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Бомба, два пиштоли и 240 куршуми кај скопјанец – најден и клуч од мотор поврзан со убиство, објави Обвинителството

Македонија | пред 4 седмици

vozacka-1

Поднесено обвинение за фалсификуваните возачки дозволи: Под лупа уште 21 лице

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања