„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

(Фото) Огласи каде диви животни бараат стан во Скопје осамнаа низ Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-libraryjps0138n7unnbnvJFNZ

Огласи „барам стан“ со необични баратели се појавија низ Скопје – рис, волк, лисица и мечка. Зад пораката стои организацијата Еко-свест, која преку креативна кампања предупредува на сè поголемото уништување на природните живеалишта во Македонија.

— реклама —

Со симболичниот пристап, организацијата укажува дека сечењето шуми, пожарите, урбанизацијата и изградбата на мали хидроцентрали ги оставаат дивите животни без нивниот природен дом. Наместо во планините и шумите, тие „бараат стан“ во градот – како метафора за губењето на нивниот простор за живот.

media-library1pfess1scuru037AEYE

„Рисот, волкот, лисицата и мечката не се само ликови од народните приказни, туку вистински живи суштества кои опстојуваат заедно со нас“, истакнуваат од Еко-свест, додавајќи дека целта е да се подигне јавната свест за состојбата со природата и биодиверзитетот.

— реклама —

Од неодамнешната Меѓународна конференција за природа одржана во Скопје, како приоритет се издвојува итното усвојување на Законот за природата, со вклучување на експерти, институции и граѓански организации во неговата подготовка, со цел системска и долгорочна заштита на природните богатства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања