Промени тема
Контакт

(Фото) Огромна дупка на улица во Кисела Вода, граѓаните поставија картонска кутија како предупредување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-librarygbr860nofcq62IbK40V

Граѓани од скопската општина Кисела Вода реагираат на дупка на улицата „Емил Зола“, во близина на зградата „Пегла“, која веќе подолг период претставува ризик за возачите.

— реклама —

Според објави на социјалните мрежи, некој од жителите поставил картонска кутија околу оштетениот дел од асфалтот со цел да ги предупреди возачите и да ги натера да ја избегнуваат дупката.

— реклама —

„Веројатно не сум единствената на која ѝ пречи ‘кратерот’. Улицата е вака оштетена повеќе од две недели, се надевам дека нема да се дозволи некој да настрада или да си го оштети возилото, за да се реагира со поправка. Се работи за пропаднат асфалт на раскрсницата кај зградата Флетајрон“, стои во објава на една жителка.

— реклама —

Таа додава дека проблемот е присутен подолго време и дека е потребна итна реакција од надлежните служби.

Пред речиси еден месец, фотографии од истата дупка беа објавени на социјалните мрежи со порака дека возачите треба да бидат внимателни и дека се очекува санација во најбрз можен рок.

media-library6vfbqd5emmiva6kQvR3

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvgudrf2dsaf145RzMvI

Повторно вандализирано детско игралиште во Кисела Вода

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryap2ioodl01eccM1emuH

(Видео) Хаос во Кисела Вода: викање, мавтање со прст, барање за обезбедување и исфрлање на советник, обвинување за закани

Скопје | пред 1 месец

media-librarydkd5ep51gvm88upuczT

Пожар во Кисела Вода: Се запалило комбе кај „Автомакедонија“

Скопје | пред 1 месец

media-libraryqg891ev0gmnd3r92eza

Жители од Кисела Вода повторно без вода: „Истата цевка пука веќе 14 години“

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања