„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Осамнаа пораки од Катица Јанева, извесен е пресврт: Кому угодувала ексшефицата на специјалните обвинители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
277601695_5048562138563904_7680181995873981325_n

Екс специјалната шефица на специјалните обвинители Катица Јанева по подолго време на јавноста и најави вистински пресврт. За време на велигденските празници, таа преку социјалните мрежи сподели пораки до целата јавност. Објавите се јавни, не се ограничени, што значи дека можат да ги видат сите.

— реклама —

Таа во првата порака објавена на ден Велигден напиша: „Се трудев да угодам на сите, не чинев. Од сега ќе се трудам да си угодам на себеси, и натаму нема да чинам на никого“.

— реклама —

Ова предизвика и лавина реакции, јавноста го толкува како прв од низата чекори на Јанева каде таа ќе ја извади целата вистина на виделина и ѝ дава поддршка, како никогаш претходно.

Утрово (понеделник), Јанева, го надополни своето излагање. Сподели фотографија со дланка која држи шајки, што симболизира болка. На неа имаше испишано и нова порака.

„Од дното стануваат само храбрите. Тоа не е работа за слабите“, пишува на фотографијата.

Катица Јанева одлежува казна затвор за случајот „Рекет“. Повеќепати во излагања кажа дека „Рекет“ е резултат на желбата на елити во Македонија да се уништи специјалното јавно обвинителство. Против Јанева, сведочеа и нејзини колешки. Таа на рочиште во Граѓанскиот суд, овој месец рече: „ „Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија по чашка, во предметот Плацови на Водно побараа поблаги мерки за него (Орце Камчев), најголемиот финансиер и перач на пари во историјата на Македонија. Без срам и перде побараа за неговото сторено кривично дела“, а откако таа доби затворска казна по обвинение дека му овозможила поволна позиција на Орце Камчев во „Империја“.

Се чини дека Јанева тек сега започнува да најавува вистински пресврти. Особено, што овие пораки доаѓаат за време на големиот христијански празник, но и по нејзиното појавување во јавност на рочиште во Граѓански суд. Таму, Јанева за првпат преку сарказам почна да „удира“ по многу важни и големи лица од македонското општество, како што се бизнисмени, обвинители, политичари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања