Две големи дрвја паднале утринава на улицата „Козара“ во Капиштец. Двете стебла лежат на самата улица пред основното училиште „Киро Глигоров“ која води кон Заводот за физикална медицина и рехабилитација.
На едната од фотографиите што ги направи Скопје1, се гледа дека дрвото е од корен паднато, заради што е искршена и павер патеката.
“Во моментов, екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на остранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“. Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час”, вели Герасимовски.