Промени тема
Контакт

(Фото) По обилните дождови се излеа Пчиња: Две возила заглавија кај Стрновац, пожарникарите ги спасија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarygi3jblu4e8gae94SMcb
ФБ

По силните врнежи што ја зафатија областа, реката Пчиња утрово се излеа и создаде опасни вирови кај селото Стрновац во општина Старо Нагоричане. Автомобил со две лица останал заглавен во надојдената вода, а пожарникарите од општината успеале навреме да ги извлечат.

Интервенцијата била изведена околу 07:35 часот, по повик на бројот 112. Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане реагирала со едно возило и двајца пожарникари, кои безбедно ги спасиле лицата од поплавениот предел.

— реклама —

Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат движење по коритото и бреговите на Пчиња додека трае високиот водостој, и секоја опасна ситуација веднаш да ја пријават на 112.

— реклама —

Според УХМР, водостојот на реката кај Пелинце утрово достигнал 120 сантиметри – речиси тројно над ноемврискиот просек од 41 сантиметар. Вчера бил само 18 сантиметри, што значи драстичен раст за неполн ден.

— реклама —

ЦУК информира дека во текот на ноќта и утрото пристигнале повеќе пријави за свлечишта и одрони вслед обилните дождови, особено на патните правци Дебар – Струга кај Џепчиште и Кичево – Охрид кај местото Извор. Екипите на „Македонија пат“ веднаш биле активирани и работат на расчистување на теренот за да се обезбеди безбеден сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pcinja

(ВИДЕО) Уништено е коритото на река Пчиња и 500 хектари плодна земја од нелегална експлоатација на песок, вели Крмов

Македонија | пред 3 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања