Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обивнува дека активисти на партијата биле оневозможени да одржат протест. Според него, полицијата ги спречила, пред премиерот на Бугарија, Кирил Петков, да прикажат транспарент со порака.
„Полицијата, во моментов, ги легитимира активистите на Левица кои истакнаа транспарент пред Влада: "ЕВРОПСКИ ПРАВА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИН", оневозможувајќи им го уставното право на мирен протест!“, посочува Апасиев.
Претходно, Левица со герила акција ги пречека бугарскиот премиер Кирил Петков и бугарската делегација. На патот кон скопскиот аеродром, вчеравечер бил поставен транспарент со порака до денешните бугарски гости.