„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Фото) Полска собори руски дронови кои навлегле во нејзиниот воздушен простор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
polska-dron1

Полските вооружени сили соборија неколку беспилотни летала што навлегле во нивниот воздушен простор за време на руски воздушен напад врз Украина. Официјалните власти во Варшава соопштија дека се работи за сериозно нарушување и чин на агресија.

— реклама —

Според Оперативната команда на полската армија, руските дронови континуирано го нарушувале воздушниот простор на Полска, што било оценето како реална закана по безбедноста на населението. „По наредба на оперативниот командант веднаш беа активирани одбранбени мерки. Полските и сојузничките авиони следеа неколку објекти на радар, со акцент на оние што би можеле да бидат опасни. Дел од беспилотните летала што навлегоа во нашиот воздушен простор беа соборени,“ наведуваат од командата.

Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови, особено во Подласки, Мазовјецки и Лублински регион, кои биле најризични. Воедно беше упатен апел доколку некој наиде на урнати дронови или нивни остатоци, да не им се приближува ниту да се обидува да ги помести.

— реклама —

#PILNE: Portal Nowy Tydzień opublikował zdjęcie budynku w miejscowości Wyryki w powiecie włodawskim, na który spadły szczątki rosyjskiego drona. Na miejscu są służby. Nie ma osób poszkodowanych. pic.twitter.com/Oz8qjEaTM6

— Remiza.pl (@remizacompl) September 10, 2025

Повод за оваа операција даде и полскиот премиер Доналд Туск, кој преку објава на Икс информираше дека станува збор за повеќекратно нарушување на воздушниот простор. Тој додаде дека за случувањето веднаш го известил генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Полска е во состојба на повисока подготвеност уште од 2022 година, кога залутан украински проектил погоди село во јужниот дел на земјата и предизвика смрт на две лица, неколку месеци по почетокот на руската инвазија врз Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања