(ФОТО) Предупредување: Лажни банкноти од 2000 денари се пуштени во промет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
273201385_1595681607460018_2068713777077106029_n

Народната банка на Македонија предупредува на внимателност:

— реклама —

Забележана е појава на фалсификувани банкноти од 2000 денари, за што е известено и Министерството за внатрешни работи за преземање активности во негова надлежност. Со цел да ги заштити граѓаните и правните лица, Народната банка укажува на начинот на кој може лесно да се провери дали станува збор за фалсификат.

— реклама —

Појавениот тип на фалсификат е изработен на обична (комерцијална), двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите. Покрај тоа, оригиналните банкноти содржат високософистицирани заштитни елементи според кои граѓаните можат да направат разлика и да ја препознаат нивната автентичност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања