„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ФОТО) Пријателот од Груевски кој го посетуваше во Будимпешта, доби отказ од Царинската управа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gruevski-trajkovski

Александар Трајковски, пријателот на екс премиерот Никола Груевски, кој е советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба, доби откaз од работа од Царинската управа.

— реклама —

Трајковски на социјлната мрежа фејсбук објави слика од отказното решение и напиша:

„Притисокот на власта кон сите кои мислат поинаку од нив продолжува.

— реклама —

Денес ми е врачено решението со кое ми престанува работниот однос во Царинската управа бидејќи самоиницијативно сум патувал во странство по второ лекарско мислење.

Оваа одлука е директен атак на власта кон мене како избран Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Гази Баба каде мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ со само еден Советник повеќе од СДСМ.

На креаторите на оваа постапка за мое бркање од работа им порачувам дека нема да ме скршат туку напротив ме мотивираат бидејки тиранот е на колена!

Јас ќе се вратам во Царинската управа бидејќи Законот е на моја страна и тоа пред Суд ќе го докажам а оние кој ја спроведоа оваа незаконска постапка ќе одговараат“, пишува Александар Трајковски на својот Фејсбук профил.

Царинската управа отвори истрага за боледувањето на Трајковски, откако на социјалните мрежи се појави фотографија од Трајковски со поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта. Тој потврди дека е на фотографијата, но рече дека во Будимпешта отпатувал за да добие второ мислење за неговиот здравствен проблем со синусите и дишните патишта.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања