„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Фото) Прилепчанец фатен со над 32 килограми марихуана на патот Битола–Прилеп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
kokain-marihuana

Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против 36-годишен жител на Прилеп осомничен за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според Обвинителството, на магистралниот пат А3 Битола–Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полицијата запрела автомобил „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски таблички. При извршен преглед во багажниот простор биле пронајдени две патни торби во кои имало 35 најлонски пакувања со марихуана, со вкупна тежина од 32,575 килограми.

Во рамки на истрагата, обвинителството ќе преземе дополнителни дејствија за откривање на лицето или лицата од кои осомничениот ја набавил дрогата, како и за идентификување на потенцијални сведоци поврзани со случајот.

— реклама —

Со оглед на тоа дека постои опасност осомничениот да се обиде да прикрие или уништи докази, да влијае врз сведоци или да го повтори делото, јавниот обвинител поднесе предлог до судија на претходна постапка при Основниот суд во Битола за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања