Продолжниот кабел кој излегува од местото каде е складиран струјомерот во домот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, отвори прашања во јавноста дали тоа е нелегално. На фотографиите кои ги објави, а со кои сакаше да прикаже дека тој се попишал и да повика другите да го сторат истото, Ахмети стана центар на внимание. Но, не поради пописот, туку поради сомневања дека, како што се пишува, краде струја.
Според правилата на ЕВН долниот дел од орманчето мора да е затворен и во него не смее да чепка никој освен овластени службеници на ЕВН. Во овој случај, се гледа како од него излегува продолжен кабел. Засега нема информации дали службеници на компанијата ќе отидат во домот на Ахмети за да видат каде всушност е приклучен тој продолжен кабел, бидејќи, сепак, можеби станува збор штекер кој е инсталиран во ормарот за струја. Или пак, станува збор за кражба на струја како што се реагира по социјалните мрежи. На реакциите, засега нема став од Ахмети и неговата партија.

https://twitter.com/spiritolibertas/status/1441869994552225795
https://twitter.com/TaseNaKata/status/1441895407307530241