Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

(Фото) Профили на „Икс“ преку ноќ го сменија потеклото по воведувањето на новата функција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryjf30lq4o53pi8etAveq

По активирањето на новата опција „About this account“ на социјалната мрежа „Икс“, која го прикажува вистинското потекло на профилите, дел од акаунтите што ја промовираат кампањата на Доналд Трамп – а вчера се водеа како македонски – денес имаат изменети податоци или се целосно заклучени.

— реклама —
media-librarytr796qlofpiq1TNXAkg

Повеќе верификувани профили, меѓу кои фан-акаунт со над 120.000 следбеници, го ограничиле пристапот до старите објави токму во периодот кога корисниците почнаа да ги посочуваат нивните вистински локации. Други профили го заменија „Македонија“ со „Источна Европа“, меѓу кои и фан-профилите за Ерик и Барон Трамп.

— реклама —

Реакциите на „Икс“ се движат од сарказам до сериозни обвинувања за координирани политички мрежи кои се обидуваат да го сокријат странското влијание. Од компанијата на Илон Маск појаснуваат дека функцијата сè уште се доработува и се коригираат геолокациите.

— реклама —
media-libraryk0kakduute9j1PY66Tw

Случајот повторно ја отвори темата за можните политички операции поврзани со Македонија, потсетувајќи на „велешката фабрика за лажни вести“ која беше активна во кампањата на Трамп во 2016 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjan8jsf63vo87Moy8Hg

Глобален технички пад на „X“, корисниците останаа без пристап

Свет | пред 2 месеци

media-library2cjkt6o6sn7r54KUbdC

Истрага против платформата X започнува и Велика Британија

Магазин | пред 2 месеци

unnamed

Политичарите креираат негативен новоговор и штетни наративи

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања