„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Фото) Редица пред салата „Борис Трајковски“, луѓето чекаат ваучери за инвертери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
de1cd0f3-9cc6-4fc7-94de-6aac9a052e791

Голем број граѓани чекаат во ред пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје за подигнување на вредносни ваучери за инвертери кои ги доделува Министерството за енергетика. Колони има долж целиот паркинг на салата.

— реклама —

Оваа мерка е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.

Изборот на добитниците на вредносните ваучери, како и изборот на правните субјекти кај кои ќе може да се искористат вредносните ваучери, беа спроведени од страна на Министерството за економија, согласно критериумите на јавниот повик. По направениот избор, новоформираното Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е одговорно само за организирање на доделувањето, соопштија од Министерството.

— реклама —

Освен во Скопје, вредносни ваучери се делат и во Битола во спортската сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот.

За останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.

За граѓаните што нема да бидат во можност да ги подигнат ваучерите на одредениот датум, обезбедена е дополнителна флексибилност – ваучерите да можат да ги подигнат до крајот на месецот, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Вкупниот број на домаќинства кои ќе добијат вредносен ваучер преку двете програми изнесува 6.182 домаќинства.

Преку програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23.000 денари или 25.000 денари се 4.591 домаќинствo, а преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30.000 денари се 1.591 домаќинство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања