Промени тема
Контакт

(ФОТО) Реконструирани пумпните станици во Трпејца и Љубаништа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pumpi

Со цел да се обезбеди поквалитетно, навремено, економично и енергетски ефикасно водоснабдување, ЈП „Водовод“ изврши реконструкција на пумпната станици во селото Трпејца (ПС „Трпејца“) и двете пумпни станици во селото Љубаништа (ПС„Љубаништа“ и ПС „Црн Дрим – Св. Наум“).

— реклама —

Реконструкцијата е извршена согласно стандардите за водоснабдување DIN 1988 и DIN EN 806 за транспортирање на вода од напоен до потисен резервоар, а сите делови на постројката се од материјали отпорни на корозија и со (WRAS/ KTW/ ACS) одобренија за вода за пиење.

— реклама —

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 4.120.000 денари, а средствата се обезбедени од Агенцијата за рурален развој во соработка со Општина Охрид. Покрај поставувањето на нови пумпи, извршена е и целосна замена на електричната и водоводна инсталација во објектите.

— реклама —

Новите пумпни станици значително ќе придонесат за ефикасно водоснабдување на двете населени места и на угостителските и сместувачките капацитети на овој потег. Исто така, според пресметките, со замена на пумпните постројки ЈП „Водовод“  годишно ќе заштеди околу 540.000 денари за потрошена електрична енергија и значително ќе ги намали средствата за редовно одржување на истите.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 1 година

— реклама —
kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Трендови | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Трендови | пред 5 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Патувања | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања