Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Риба со огромни „крилја“ го привлече вниманието на туристите во Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-librarys8fh406a4v2q8lSwi1x
ФБ

Несекојдневна глетка го изненадила српски турист додека нуркал во близина на Никити, во Грција. Тој во морето забележал необична риба со големи градни перки кои, кога ги раширува, изгледаат како крилја.

Туристот раскажал дека нуркал со детска маска кога го забележал морското животно на дното. Толку бил изненаден од глетката што веднаш ја повикал сопругата за да ѝ покаже што видел. Наместо воодушевување, таа, според неговото раскажување, се исплашила и се оддалечила.

— реклама —

„Неверојатно и прекрасно е кога ќе ги рашири овие крилја. Ја следев под вода додека можев“, напишал туристот во објава на Фејсбук групата „Грчка инфо“.

Објавата предизвикала голем број реакции, а дел од членовите споделиле дека и самите претходно забележале иста или слична риба во близина на Торони.

— реклама —

Една од членките ја препознала рибата како летечки петел и посочила дека не станува збор за опасен или отровен вид.

— реклама —

Туристот подоцна објаснил дека фотографиите што ги објавил не биле направени за време на неговото нуркање, туку ги пронашол на интернет за да покаже како изгледа рибата што ја сретнал.

Тој навел и дека нурка повеќе од десет години, но дека и покрај искуството, оваа средба успеала да го изненади. Особено впечатливи му биле сините нијанси на рибата и начинот на кој се движи по морското дно, поради што тешко се забележува кога мирува на песокот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 4 минути

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 1 ден

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања