Промени тема
Контакт

(Фото) Роналдо со еден „лајк“ предизвика бура во португалската репрезентација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Спорт
ronaldo-960x638-1

Кристијано Роналдо повторно го привлече вниманието со потег на социјалните мрежи, откако го означи со „лајк“ видеото во кое поранешниот бразилски репрезентативец Фелипе Мело ги критикува односите на португалските фудбалери кон капитенот.

— реклама —

Видеото за кратко време стана вирално и собра повеќе од 27.000 „лајкови“, а меѓу нив беше и оној на Роналдо. Мело во својата изјава направи споредба со односот на аргентинските репрезентативци кон Лионел Меси.

„Начинот на кој португалските соиграчи се однесуваат кон Кристијано е целосно различен од односот на аргентинските играчи кон Лионел Меси“, порача Мело.

— реклама —
media-libraryhegi0bqmfbkn3wtHcUf

Бразилецот смета дека Роналдо во одредени ситуации добива поголема почит од противничките фудбалери отколку од сопствените соиграчи.

— реклама —

„Гледам дека противниците покажуваат многу поголема почит кога играат против Кристијано. Хојлунд вчера многу се налути на Жорже Жесус затоа што негов идол е Кристијано, а не португалската репрезентација. Тоа не е во ред, бидејќи во тимот никој не му е ни до колена. Не смеат да дозволат само така да си замине, како ништо да не се случило“, изјави Мело.

Иако Португалија бележи добри резултати и има три победи во Лигата на нации, прашањата за статусот на Роналдо во репрезентацијата и односите во соблекувалната повторно се во центарот на вниманието.

— реклама —

„Лајкот“ на Роналдо на објавата дополнително ги засили реакциите и повторно ја отвори темата за неговата позиција во националниот тим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrj6ddib1r4ba8AjOLJ2

(ВИДЕО) Запалена статуата на Кристијано Роналдо во неговиот роден град

Вирално | пред 8 месеци

— реклама —
Нема фотографија

Поради вирус Роналдо ќе го пропушти отворањето на асиската Лига на шампиони

Трендови | пред 2 години

Нема фотографија

(Фото) Роналдо е во солзи по промашениот пенал, а на трибините сите зборуваат за реакцијата на неговата мајка

Трендови | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања