Журка до доцните вечерни часови имаше вчера во скопскиот бар Интермецо. Присутните се журкаа, а речиси сите сакаа да бидат што поблиску до подиумот. Предводник на забавата беше Јелена Розга, која не го криеше задоволството од големата посетеност на нејзиниот настап.

Присутните на настапот уживаа. Со оглед дека се туркаа и едни во други, оставаат впечаток дека заборавиле дека има коронавирус и по десетици починати дневно.

На врата се барале сертификати за вакцинација. Внатре, тешко било да се одржи дистанца, особено кога сите сакале да бидат поблиску до Розга.

Забавата беше најавена, но нема информации дали инспекторите од Пазарна инспекција излегле да видат што се случува сред Скопје и дали се спроведуваат протоколите.

Остра реакција имаше од докторот Ненад Лазаров.

Интермецо и во минатото правеше забави сред пандемија. Тогашниот директор на Пазарна, Стојко Пауновски го санкционираше клубот и времено го затвори. Сега, нема информација ниту дали инспектори влегле на проверка.