Исушено зеленило, искршени даски и кабли се фотографиите од крофот на ГТЦ кои деновиве се проширија на социјалните мрежи.
Граѓаните реагираа и бараат одговорните за одржувањето на јавните површини треба да се грижат за нив, за тревниците, дрвјата, цвеќето.
„Кровот на ГТЦ плаче за селфи од Горјан и советниците од Зелен Хуман Град“, стои во описот на фотографиите.
https://twitter.com/Krushka19/status/1533500975637532674?s=20&t=SYTU64h1is2847VNOeUraQ
Зелениот покрив на Градскиот трговски центар пред три години беше пуштен за посетители и за истиот беа издвоени 550.000 евра.