Почна отстранувањето на првата од трите галии. За ова објави актуелниот градоначалник Петре Шилегов.
„Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата!!! Скопје, една поинаква приказна! #Скопје #ЧекорПоЧекор“, напиша тој.
Галиите функционираа како угостителски објекти, а беа изградени во време на ексградоначалникот Коце Трајановски.

