Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Фото) „Се плашев да не падне“: снимени деца качени на конструкцијата од новиот мостот во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-librarylug7o2qn01t3ayK7VS9
Скопје1.мк

Малолетни деца се качуваат на конструкцијата на новиот мост на улицата „Љубљанска“ во Карпош 3, кој сè уште не е пуштен во употреба, предупредува читател на „Скопје1“, кој бил сведок на опасна сцена.

— реклама —

Според неговото сведоштво, околу 17 часот забележал дете високо качено на дел од мостот, но не реагирал од страв дека со довикување може да му го одвлече вниманието и да предизвика несреќа.

— реклама —

„(Вчера) околу 17.00 часот сведочев на оваа случка. По физичкиот изглед од далеку сметам дека станува збор за малолетни деца качени на новиот мост на улица Љубљанска – Карпош 3, кој сè уште не е пуштен во употреба. Искрено, не реагирав бидејќи дечкото беше високо качен и ми беше страв дека ако им довикнам, може да му се одвлече вниманието. Исто така, поради претходни ситуации кога луѓе реагирале кон малолетници, а им било кажано дека тоа не е нивна работа, не сакав да влегувам во конфликт“, вели читателот.

— реклама —

Тој додава дека кога се вратил неколку минути подоцна, децата веќе не биле на мостот, но стравува дека ваквите ситуации ќе продолжат.

„Сметам дека ова не е првпат, а по сè изгледа нема да биде ниту последен. Покрај сите ТикТок предизвици кои постојат на интернет, ваквите ситуации ќе продолжат. Се надевам дека преку вас ќе се апелира до надлежните институции да реагираат, да го обезбедат мостот согласно прописите и на овие висечки држачи да постават дополнителна заштита за децата да немаат пристап“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya39mmgetbsbb3sOFTgD

Жители на Карпош самоиницијативно сееа детелина на место каде имаше паднато дрво од невремето

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg40gkrkagj6qbH3etti

Базенот во Карпош предаден на Националната пливачка федерација

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryl40ullnok8uedRGqflf

Карпош добива нов мега парк од 86.000 квадратни метри, поранешната депонија е исчистена

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryucb532pau795f3jDTOg

Есенска дератизација во Карпош

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања